Свет
22. јуни 2018 - 15:50

Трамп смисли нови логори за децата на мигрантите: 20.000 деца ќе се сместат во воени бази, но не се знае во кои

Пентагон ќе отстапи простор во воените бази за сместување на 20.000 деца на мигранти кои немаат придружба од возрасен, а кои ќе бидат приведени во текот на илегалното преминување на американско-мексиканската граница, соопшти портпаролот на министерството за одбрана Џејми Дејвис.

Барањето до Пентагон за да обезбеди привремено сместување на децата на мигранти го упати министерството за здравство кое и ќе управува со тие прифатилишта.

Дејвис додаде дека очекува тој простор во воените бази да биде на располагање за таа намена барем до крајот на годината.

Засега не е јасно кои бази ќе бидат користени за смествуање на децата.

Министерот за одбрана Џејмс Матис изјави вчера дека Пентагон „ќе одговори ако тоа го побараат“ за да помогне во сместувањето на мигранти приведени при илегално преминување на американско-мексиканската граница.

Матис изјави дека Пентагон ќе поддржи се што Министерството за внатрешна безбедност или Министерството за здравство ќе наведат дека е потребно.