Свет
14. April 2017 - 11:15

Трамп: Северна Кореја е проблем, кој ќе биде решен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја претставува проблем, кој ќе биде решен.

Одговарајќи на прашање за тоа која е неговата порака до Северна Кореја, Трамп истакна дека таа земја е проблем, за кој ќе се погрижи. 

Трамп додаде дека верува оти кинескиот претседател Си Џинпинг ќе работи мошне напорно за да помогне во решавање на тој предизвик. 

Американскиот претседател изјави дека имал детални разговори со Си минатиот викенд.

- Навистина ми се допадна претседателот Си и го почитувам. Тој е мошне исклучителна личност, рече Трамп.