Loading Video...
Свет
21. March 2018 - 21:41

Трамп се предомисли - му ја честита победата на Путин и го покани на средба

Доналд Трамп сепак  му ја  честита победата на Владимир Путин на претседателските избори во Русија иако претходно велеше дека нема да го стори тоа. Покрај честитки за реизборот, американскиот претседател  предложил   а Путин прифатил  да имаат средба во брзо време. НЕма информации кога и каде би се одржала средбата. Во телефонскиот разговор лидерите на САД и Русија зборувале и  за Сирија , Украина и  за Северна Кореја.