Свет
13. јуни 2018 - 10:58

Трамп се пошегувал со Ким - „Фотографирајте не да испаднеме убави, слаби и совршени“

Претседателот на САД, Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг ун се подготвувале да седнат на масата во хотелот „Капела“ на островот Сентоси во Сингапур, кога Трамп се свртел кон фоторепортерите.

-Добро фотографирајте нѐ, да испаднеме убави, слаби и совршени.

Ова не е првпат Трамп да се осврне на килограмите на Ким. Тој лидерот од Северна Кореја го спомена и во твит во ноември, во кој напиша дека никогаш не би го нарекол краток и дебел.