Свет
21. October 2019 - 8:50

Трамп се откажа од планот самитот на Г7 да се одржи во неговиот клуб

Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа плановите за одржување на следниот самит на Г7 во неговиот голф клуб во Мајами, на Флорида.

Тој минатата недела предложи самитот да се одржи во неговиот хотел „Дорал”, но се откажа по бројните критики, пренесува „Глас на Америка”.