Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во интервју за „Тајм“ (Time) ја критикуваше Украина поради употребата на американски ракети со долг дострел врз територијата на Русија.
-Тоа што се случува е лудост. Тоа е лудо. Категорично не се согласувам со испраќање ракети стотици километри во Русија. Зошто го правиме ова? Ние само ја ескалираме војната и ја влошуваме. Ова не требаше да се дозволи – посочи Трамп во интервјуто објавено на денот кога беше прогласен за личност на годината од магазинот „Тајм“.
Трамп, запрашан дали ќе ја напушти Украина, истакна дека ќе ја искористи американската помош за Киев како алатка против Русија во преговорите за ставање крај на војната.
-Сакам да постигнам договор- наведе Трамп, додавајќи дека „единствениот начин на кој може да се постигне договор е да не се напушти (Украина)“.
За време на кампањата, Трамп неколку пати изјави дека доколку биде избран, во рок од 24 часа ќе постигне мировен договор помеѓу Русија и Украина. Подоцна призна дека е покомплицирано отколку што мислел.
Тој во интервјуто за „Тајм“ посочи и дека сака да стави крај на војната во Појасот Газа и оти тоа го знае и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Трамп истакна дека за својот став го известил Нетанјаху во телефонски разговор за време на претседателската кампања. Но, на прашањето дали му верува на Нетанјаху, новоизбраниот американски претседател истакна дека „не верува никому“.
Ново на Сител
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години