Трамп: САД ќе прекинат со соборување на влади ширум светот
САД ќе прекинат со обидите да соборуваат влади ширум светот и ќе соработуваат со другите земји кои се борат против тероризмот, порача новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за време на својата „турнеја на благодарноста“ и вети почеток на „нова ера на мирот“.
- Ќе ја уништиме Исламска држава. Истовремено, ќе се водиме според новата надворешна политика, која конечно учи на грешките од минатото. Ќе прекинеме со соборување на режими и влади, истакна Трамп во своето обраќање во Синсинати.
Тој нагласи дека САД ќе соработуваат со секоја земја која е заинтересирана да ја уништи ИД.
Трамп вети дека ќе ги „излекува длабоките рани на Америка“, додавајќи дека земјата нема друг избор, туку треба да се обедини и да ја отфрли нетрпеливоста.
Претходно, за време на својата посета на Индијана, Трамп повтори дека ќе изгради ѕид долж американско-мексиканската граница, кој ќе има „врата“ низ која ќе можат да минуваат легални мигранти.
Ново на Сител
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите