Трамп: САД и Велика Британија ќе имаат „специјални односи“
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј ги потврди потребите од „специјални односи“ меѓу Вашингтон и Лондон.
Тој изјави дека со нетрпение очекува да работи заедно со Меј „околу заедничките цели и интереси во следните години“, соопшти Белата куќа.
Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, оствари телефонски разговор со британската премиерка, изразувајќи задоволство дека таа ќе продложи да биде близок партнер.
Тој ја покани да ја посети Франција наскоро и двајцата се согласија дека „силното пријателство меѓу двете земји е важно и ќе продолжи“.
Конзервативната партија на Тереза Меј победи на парламентарните избори во Велика Британија во четвртокот, но го загуби апсолутното мнозинство во Парламентот, освојувајќи 318 мандати во 650-члениот Парламент.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција