Трамп: САД да размислат за „профилирање на муслиманите“
Кандидатот на Републиканската партија за американски претседател Доналд Трамп, изјави дека САД би требало „сериозно“ да ја рагледаат можноста за „профилирање на муслиманите“ во земјата, како средство за борба против тероризмот.
Трамп истакна дека американската Влада би требало да спроведе истрага во џамиите во САД на истиот начин на кој тоа го правеше единица на њујоршката полиција, која ги шпионираше муслиманите и џамиите во градот со помош на ЦИА.
Врз основа на тоа, како што нагласи, њујоршката полиција дојде до информации за тоа каде живеат муслиманите, каде пазаруваат, работата и се молат.
- Навистина треба да се разгледа профилирањето. Тоа не е најлошата работа која може да се направи, потенцира Трамп во интервјуто за телевизијата Си-Би-Ес.
Претседателскиот кандидат на републиканците додаде дека го мрази концептот на профилирање, но дека, како што наведе, САД „мора да го користат здравиот разум“.
Профилирањето, како што оцени, е прашање на употреба на „здравиот разум“ над „политичката коректност“.
Ново на Сител
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија