Трамп: Резолуцијата на ОН за еврејските населби ќе го отежне мировниот процес на Блискиот Исток
Резолуцијата со која се осудува изградбата на еврејските доселенички населби на Западниот Брег, што во петокот ја усвои Советот за безбедност на ОН, ќе ги отежне непорите за обнова на мировните прегооври меѓу Израел и Палестинците. оцени новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Во објава на својот налог на Твитер, Трамп нагласи дека усвојувањето на резолуцијата претставува „голем пораз за Израел“, но додеде дека работите ќе се променат по 20 јануари, кога тој ќе је преземе претседателската должност.
При гласањето во Советот за безбедност на ОН во петокот, САД беа воздржани, со што Резолуцијата беше усвоена со 14 гласови „за“ и еден „воздржан“.
Аналитичарите оценуваат дека одлуката на Вашингтон да се воздржи од гласање, е последица на влошените односи меѓу актуелната американска Администрација и израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс