Свет
27. November 2018 - 10:23

Трамп реагира: Не ми се допаѓа ова што се случува меѓу Русија и Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му се допаѓаат моменталните тензии меѓу Русија и Украина.

– Никако не ни се допаѓа ова што се случува. И се надеваме дека тоа ќе биде решено, изјави Трамп.

Тој исто така рече и дека со европските лидери работи на решавање на ситуацијата.