Трамп: Путин ги надмудри сите, нашите лидери се глупави
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека се моли за Украинците, наведувајќи дека бил во право кога неодамна рекол дека Путин е паметен затоа што ги надмудрил светските лидери, пренесе Ројтерс.
„Вистинскиот проблем лежи во фактот дека нашите лидери се глупави, глупави, тие се толку глупави“, рече Трамп на собирот на конзервативците во Орландо во саботата.
Трамп истакна дека има емпатија за Украинците и рече дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски е храбар човек, бидејќи останал во Киев.
„Нападот на Русија врз Украина е ужасен. Се молиме за гордиот народ на Украина, Господ нека ги благослови“, рече Трамп.
Тој потсети на рускиот конфликт со Грузија, додека претседател беше Џорџ Буш, и на припојувањето на Крим кон Русија, додека на чело на САД беше Барак Обама.
„Останувам единствениот претседател во 21 век под чија стража Русија не извршила инвазија на друга земја“, нагласи тој.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп