Трамп: Претседателот Си се однесува одговорно за ситуацијата во Хонг Конг
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува дека кинескиот претседател Си Џинпинг се однесува „многу одговорно“ во врска со протестите во Хонг Конг, почнати заради предложениот зкаон за екстрадиција што ќе овозможи жителите на автономниот регион да бидат испорачувани на судење во Кина.
-Во моментов работиме на трговските договори. Ќе видиме што ќе се случи, рече американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа, пред средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан.
Хонг Конг веќе два месеца е средиште на понекогаш насилни протести, што е најголема криза откако Британците во 1997 година и го вратија овој град на Кина, под услов неговите жители да ги уживаат демократските слободи според формулата „една држава, два система“.
„Знам дека е тоа многу важна ситуација за претседателот Си“, рече Трамп и додаде дека „Кина може да ги запре доколку тоа го сака“.
-Мислам дека кинескиот претседател делува одговорно, многу одговорно, рече Трамп и заклучи дека „се надева дека Си ќе ја направи вистинската работа“.
Протестите во оваа поранешна британска колонија почнаа на 9 јуни заради незадоволството од законот што требаше да овозможи предавање на осомничените лица на Кина. Жителите на Хонг Конг сметаат дека тоа би ја поткопало правосудната независност на покраината и луѓето ќе ги изложи на опасни политички обвинувања.
Во меѓувреме Кина номинално се откажа од законот, но демонстрантите бараат негово комплетно повлекување и оставка на шефицата на хонгконгшката Влада, Кери Лам, пренесе Индекс, хр.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров