Свет
2. July 2017 - 10:39

Трамп повторно ги нападна американските новинари и медиуми

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја обнови својата „твитер војна“ со американските медиуми, почнувајќи со напади кон двајца телевизиски водители, а завршувајќи со поширока осуда на новинарските медиуми вооопшто, пренесоа американските меидуми.

Трамп саботниот ден го почна во својот голф клуб во Њу Џерси со критички твитови за Џо Скарбаро и Мика Бжежински од Ен-Би-Си, споменувајќи го Скарбаро како „Лудиот Џо" (Crazy Joe), а за Бжежински напиша дека е „глуп како камен" (dumb as rock). Вечерта претседателот испрати неколку кавгаџиски твита за медиумите воопшто. Според него, „фалсификуваните и измамнички медиуми (fake and fraudulent) упорно тврдат дека тој треба да се откаже од социјалните мрежи. Трамп, меѓутоа, напомена дека претседателските избори ги добил благодарение на социјалните медиуми.

Трамп ја нападна и неговата омилена цел за напади - Си-Ен-Ен, пишувајќи на Твитер дека размислува да почне да ја нарекува оваа телевизија „измамничка".