Свет
24. November 2016 - 9:51

Трамп повикува за единство на Денот на благодарноста

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, по повод Денот на благодарноста, ја повика нацијата на единство, јави Би-Би-Си. 

- Дојде време да почнеме да ги надминуваме нашите разлики, но тензиите не можат да исчезнат „преку ноќ“, наведе Трамп. 

Тој призна дека на многумина веројатно им останала „горчина“ по изборите. 

- Тоа не оди брзо, но сега имаме шанси да создадеме нова историја и да донесеме вистински промени во Вашингтон, да обезбедиме безбедност во градовите и реален просперитиет на нашите заедници, нагласи Трамп.