Трамп: Повцротно лажат, имам рејтинг како Обама
- Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно на Твитер ги обвини медиумите дека лажат оти најлош рејтинг од сите американски претседатели.
Телевизијата „Фокс њуз“ објави резултати од анкетата на „Расмунсен рипорт“, според која 46 проценти од испитаниците ја одобруваат политиката на Трамп, а 53 не. Претходниот претседател на САД, Барак Обама кон крајот на првата година откако дојде во Белата куќа имаше сличен рејтинг според истражувањето на „Расмунсен рипорт’ - 47 проценти ја одобруваа неговата политика, а 52 беа против.
- Лажните вести сакаат да кажуваат за мојот така наречен низок рејтинг, Фокс и пријателите наведуваат дека мојот рејтинг на 28 декември 2017 година бил сличен како на претседателот Обама на 28 декември 2009 година, кој беше 47 отсто... и тоа и покрај негативните извештаи за Трамп и руското подметнува, наведе Трамп.
Според сајтот „Рилклирполитикс“ (RealClearPolitics), кој ги следи анкетите на повеќе од 10 агенции за испитување на јавното мислење, работата на Трамп ја поддржуваат 39,4 отсто од испитаниците, а 56,3 проценти не,
Според поголем број анкети Трамп на крајот од годината во која положи заклетва има најлош рејтинг од кога се извршуваат истражувањата на јавното мислење.
Ново на Сител
-
Заев – Дуџак: ОН ја продолжуваат поддршката на нашата држава
-
Приведени криминалци барани со потерница, за затворска казна до 12 години
-
15 починати и 356 нови случаи на Ковид-19 во земјава
-
МВР со детали за пожарот во кочанското село Грдовци во кој загина 46-годишен маж
-
Уапсени двајца скопјани кои нападнале полициски службеник на Бит Пазар
-
Кривична за 30-годишен дилер од Куманово
-
Мицкоски на средба со хрватскиот премиер Пленковиќ
-
Во Австрија жени пријавиле дека војници ги злоставувале при тестирање за коронавирус