Свет
29. September 2017 - 20:24

Трамп: Порторико да работи со Владата на САд за обнова на државата

Порторико треба да работи со американската Влада за да се утврди како да се финансира обновата по ураганот Марија и што да се прави со големиот долг, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

– Владата на Порторико ќе мора да работи со нас за да се утврди како ќе се финансираат и организираат обемните напори за обнова  и што ќе правиме со големиот островски долг, изјави Трамп.

Тој вети помош за Порторико да биде обновен од пустошот што зад себе го остави ураганот.