Loading Video...
Свет
31. January 2018 - 20:38

Трамп: Ова е најдобар момент да се живее американскиот сон

Нашата нација мора да биде како еден тим, едно американско семејството порача претседателот на САД ТРамп  во првиот говор за состојбата на земјата пред Конгресот. По пораката за единство, ТРамп  најави попуштање во својата имиграциска политика  а се пофали со заживеаната домашна економија, бумот на берзите и ниската стапка на невработеност.

- Никогаш немало подобар момент да почнеме да го живеема американскиот сон. Кои и да сте и од каде и сте, ова е ваше време.

Во 80 минутното обраќање  , тој се заложи  за зголемување  на американскиот нуклеарен асренал,  порача дека воениот затвор Гвантанамо на Куба ке остане отворен, Русија ,Кина  и Северна Кореја ги нарече закана за САД. Говорот на Трамп го следеле 40 милиони луѓе пред малите екрани.

Во Притшина се проетстира против загадениот воздух

Во главниот град на Косово ,  Приштина се одржаа протести против големото загадување на воздухот. Демонстрантите носеа маски на лицата и бараа да се преземат мерки против рекордното загадување. Според нив  косовските инситуции  не прават ништо за воздухот и животната средина. 

Хеликоптер удри во  куќа во САД, тројца загинати

Мал хеликоптер со 4 патници, од засега непознати причини  удри во  куќа во Јужна Калифорнија, кратко по полетувањето.  Во несреќата загинале три лица а две се повредени. Жртвите и еден од повредените биле во хеликоптерот, додекиот вториот повреден бил во близина на куката. Во тек е истрагата за несреќата.