Свет
30. December 2016 - 22:51

Трамп: Отсекогаш сум знаел дека Путин е многу паметен

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп го пофали рускиот претседател Владимир Путин за неговата одлука да не ги протерува американските дипломати од Русија, во одговор на протерувањето од САД на 35 руски дипломати, јави ТАСС. 

На неговиот Твитер профил Трамп ја опиша оваа одлука како „одличен потег“. 

- Отсекогаш сум знаел дека тој е многу паметен, напиша Трамп за неговиот руски колега.