Свет
3. September 2017 - 15:08

Трамп: Нуклеарната проба на Северна Кореја е непријателска и опасна за САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека нуклеарната проба на Северна Кореја е „непријателска и опасна“ за САД.

– Северна Кореја изврши голема нуклеарна проба. Нивните зборови и акции продолжуваат да бидат многу непријателски и опасни за САД. Северна Кореја е одметничка нација и стана голема закана и срамота за Кина која се обидува да помогне, но мали успеси, напиша Трамп на Твитер.