Свет
11. јуни 2019 - 9:51

Трамп незадоволен од независноста на Федералните резерви

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот кинески колега, Си Џинпинг, има голема предност во трговската војна меѓу САД и Кина, бидејќи ја контролира кинеската централна банка, додека тој мора да работи со Федерални резерви, кои се „многу деструктивни за САД”.

Во интервју за Си-Ен-Би-Си Трамп јасно изнесува фрустрација од систем што и дава независност на американската централна банка од политиката, на што се гледа како клучно за нејзиниот кредибилитет од повеќето економисти.

Американскиот претседател рече дека Си во суштина е шеф на кинеската централна банка.

-Тој може да направи што сака, рече Трамп.

Тој исто така, се пожали дека, иако назначил четири од пет членови на Одборот на директори на Федералните резерви, вклучувајќи го и претседателот Џером Пауел, „во Фед има луѓе кои не се навистина негови луѓе”.