Трамп не сака да предаде финансиски извештаи
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Aпелациски суд да ја поништи одлуката со која се бара неговата сметководствена фирма да достави финансиски извештаи.
Адвокати Трамп посочија во судот дека одлуката од 20 мај,со која судијата Амит Мехта побара од фирмата Мазарс ЛПП да ги достават сите финансиски информации била погрешна и треба да се менува.
Одлуката на Мехта беше првпат федералниот суд да влезе во конфликт околу тоа колку далеку Конгресот може да оди кон истражување на Трамп и неговото работење.
Одборот за надзор во Претставничкиот дом смета дека е неопходно да се испита финансиското работење на Трамп, со цел да се утврди дали има конфликт на интереси и дали го прекршил законот со тоа што не се одвои од своите работни места, како што тоа го направија претходните претседатели.
Трамп одбива да соработува со серија истраги за прашања кои се движат од даночните пријави до хотели во Вашингтон, а во тужбата поднесена на 22 април се нагласува дека судскиот повик ги надминал уставните граници за овластувањата на Конгресот да врши истрага.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите