Свет
9. December 2015 - 16:23

Трамп: Не ја повлекувам изјавата за забрана за влез на муслиманите во САД

Американскиот милијардер Доналд Трамп, кој е водечки претендент на Републиканската партија за претседателски кандидат на изборите во САД во 2016 година, одби да ја повлече изјавата од интервјуто за телезијата Ем-Ес-ЕН-Би-Си во која сугерира да им се забрани влез на муслиманите на американската територија.

Во ново телевизиско интервју тој ја бранеше својата контроверзна изјава, која предизвика бурна реакција во американаката политичка јавност, но и во разни делови од светот.

- Го реков она што некој мораше да го рече, изјави Трамп, нагласувајќи дека станува збор само за „привремено решение“, додека Конгресот и политачарите не се договорат околу тоа како ќе реагираат на заканата од џихадизмот и радикалниот ислам.

Според Трамп, кој и натаму останува уверливо прв во трката за претседателската номинација на американските републиканци, неговата изјава и предлог се налик на одлуката на поранешниот претседател Френклин Делано Рузвелт во текот на Втората светска војна.

Трамп потсетува на „оправданиот преседан“ на Рузвелт, кој во годините на војната спроведувал политика на „чување и изолирање“ на Јапонците, Германците и Италијанците против чии држави САД беа во војна.

Во поголемиот дел од американската јавност, меѓутоа, не се прифакаат аргументите на Трамп кого го обвинуваат за „газење на американските вредности“ и за доведување во закана на пошироката национална безбедност.

Белата куќа изрази сомнежи дали тој може да биде претседателски кандидат, додека американската Демократска партија и нејзниниот главен претендент за кандидат за претседател Хилари Клинтон ја искористаја оваа можност за остра пресметка со Трамп дисквалификувајќи го како претендент за највисоката функција во САД.

Остра реакција доаѓа и од редовте на републиканците. Прв со осуда се огласи Џеб Буш, исто така претендент за претседателската кандидатура, кој го обвини Трамп дека и нанел штета на целата Републиканска партија.

Со осуда се огласија и републиканскте лидери во двата дома на американскиот Конгрес.

Според Си-Ен-Ен, бурна реакција има и во муслиманскиот свет, а во Дубаи кој е финансиски центар на Блискиот Исток и Северна Африка се најавува блокирање на соработката со компаниите на Трамп.