-->
-->
Трамп наскоро ќе поднесе оставка, тврди демократска сенаторка
-->
Демократската сенаторка и член на Одборот за правда, Дајен Фајнштајн тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе поднесе оставка, пренесува Индипендент.
Таа на протест во Лос Анџелес сугерирала дека Трамп ќе поднесе оставка пред да биде присилен да замине од власта. Истовремено додаде дека знае повеќе отколку што може да каже во моментот.
- Знаеме дека секојдневно ги крши законите. Тој очевидно има договор со Русија. Има толку работи кои тој ги прави, а што се неуставни. Како ќе го собориме?, запраша таа, повторувајќи дека голем број луѓе ги истражуваат тие случаи.
– Мислам дека тој самиот ќе си замине, рече Фајнштајн.
Единствениот американски претседател кој поднел оставка е Ричард Никсон поради скандалот „Вотергејт“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација