Свет
5. May 2020 - 20:19

Трамп: Наскоро детали дека вирусот е пуштен од лабораторија во Вухан

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе објави детали со кои ќе ја поткрепи теоријата дека новиот коронавирус е „пуштен“ од лабораторија во кинескиот град Вухан, каде што започна пандемијата.

– Ќе информираме дефинитивно во одреден период, истакна Трамп на прес-конференција во Белата куќа.

Првите случаи на Ковид-19 се поврзуваат со пазар во Вухан, меѓутоа шефот на американската национална разузнавачка агенција ја отфрла теоријата на заговор дека вирусот е направен како биолошко оружје.

„Вашингтон пост“ објави дека дипломати испратиле две предупредувања до Вашингтон за кинескиот истражувачки објект, а поради страв дека институтот со истражувањето на коронавирусот на лилјакот би можел да ризикува нова пандемија слична на САРС. Кина ги отфрли таквите тврдења.