Трaмп најави можност за излегување од СТО доколку биде избран за претседател на САД
Американскиот републикански кандидат за претседател Доналд Трамп во интервјуто емитувано вчера на Ен-Би-Си најави можно излегување на САД од Светската трговска организација (СТО), ако тој победи на претстојните претседателски избори.
- Ќе бараме нов договор или ќе излеземе од СТО. Досегашните трговски спогодби се катастрофални. Светската трговска организација е катастрофа, одговори Трамп на прашање на новинарот, кој пак, изразуваше сомнежи дека неговите предлозите за трговски преговори со Мексико нема да поминат во надлежните институции.
Милијардерот говореше и за една од неговите омилени теми - зголемување на вработеноста во САД. Посебно се задржа на фактот дека компаниите, чиешто седиште е во САД, а кои вработуваат луѓе во Мексико за да ги намалат своите трошоци ќе треба да плаќаат данок за продажба на нивните производи на американска територија.
- Ставката би можела да биде од типот „25 отсто, 30 отсто, 15 отсто". Не сум одлучил се уште. Можни се и варијации, во зависност од компанијата, додаде Трамп.
Тој повеќе пати ја осуди меѓународната трговија, којашто води до нелојална конкуренција во однос на некои држави, привлекувајќи ја недовербата кон трговските договори на ТТИП (Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство) и организации како СТО.
- Ние не смееме и понатаму да дозволуваме Кина да ја тормози нашата земја, изјави Трамп пред неколку месеци.
Магнатот во бизнисот со недвижнини смета дека „Европа е изградена за да ги поттиснува САД во се што е поврзано со трговијата".
- Ја обожувам Европа. Просто велам дека причината, поради која тој континент се обединил е за да направи еден вид сојуз, кој ќе може да им конкурира на САД, смета Трамп.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар