Loading Video...
Свет
3. July 2017 - 19:51

Трамп на Твитер објави видео во кое тепа човек со логото на СИ ЕН ЕН

Американски  Медиумски организации и голем број политичари  ја  критикуваа  видео монтажата  што ја  објави на Твитер Доналд Трамп а во која  се гледа како тој удира човек со лого на Си Ен Ен. Тажно е кога првиот човек  на САД поттикнува насилство против  новинари се вели во соопштенијата на организациите. Од Белата кука пак изјавија  дека Твитер пораката  не треба  да се сфати како закана за медиумите.  Трамп често е  во војна со  теелвизиската мрежа СИЕНЕН која редовно известува за неговите пропусти и скандалите.