Свет
20. August 2019 - 14:38

Трамп на Твитер објави фотомонтажа со свој хотел на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави фотомонтажа на свој хотел на Гренланд, откако потврди дека неговата администрација е заинтересирана за купување на Островот.

Фотомонтажата е објавена откако премиерката на Данска и на Гренланд, Мете Фредериксен и Ким Киелсен изјавија дека полуавтономната данска територија не е на продажба.

– Ветувам дека нема да го направам ова на Гренланд – напиша американскиот претседател на фотомонтажата на која е прикажан златен облакодер на кој пишува „Трамп“ помеѓу населба од гренландски куќи.

По објавата на Трамп, Киелсен напиша „никој не смее да одлучува за нас, мораме да бидеме почитувани, а нашите интереси секогаш мора да бидат најважни“.

Трамп во неделата потврди дека САД се заинтересирани за купување на најголемиот остров во свет. Вашингтон и во минатиот век се обидуваше да го купи Гренланд, но Данска одби.

Гренланд е независна територија, додека Данска управува со неговата надворешна, одбранбена и монетарна политика.