Свет
30. November 2019 - 8:25

Трамп на средби со Макрон и Меркел на НАТО самитот во Лондон

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на Самитот на НАТО во Лондон, соопшти денеска Белата куќа.
 
Самитот во Лондон ќе се одржи во вторник и среда, а Трамп на маргините ќе има средба и со британскиот премиер Борис Џонсон, објави АП.
 
Американската агенција потсетува дека самитот ќе се одржи наскоро откако Трамп рече дека некои членки на НАТО трошат премногу малку за одбраната.