Loading Video...
Свет
4. October 2017 - 17:56

Трамп на Порторико

По две недели откако ураганот Марија го опустоши Порторико,  Доналд Трампо го посети карипскиот остров. Тој порача дека е среќен што урганот МАрија не одзел илјадници животи како Катрина, но истакна дека природните катастрофи создаваат преголем притисок врз американскиот буџет.

- Грозно ми е што морам да ви ги кажам ова Порторико, но малку го натежнавте нашиот буџет бидејќи потрошивме многу пари на вас.Тоа е во ред, Спасивме голем број животи.

Трамповата влада на островот му даде повеќе од 20, 5 милиони долари за санирање на последиците. Инаку,  Голем број медиуми го критикуваа однесувањето на претседателот на САД, бидејќи  на непримерен начин ја делел помошта на насобрнаите граѓани.