Свет
12. November 2017 - 13:03

Трамп: Можам да бидам пријател со Ким Џонг- ун

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека е можно еден ден да станат пријатели со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и дека тоа ќе биде „многу, многу убаво", но тој не сигурен дали тоа ќе се случи.

На новинарско прашање дали тој може да се замисли како пријател на Ким Џонг- ун, Трамп одговори дека тоа можеби би било чудно, но дека постои можност.

Ако тоа се случи, можам да ви кажам дека тоа ќе биде добро за Северна Кореја, но исто така и за многу други места, и за остатокот на светот, вели Трамп.