Свет
6. January 2017 - 14:56

Трамп: Мексико ќе ги врати парите за ѕидот на границата со САД

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги критикуваше медиумите кои пренесоа дека американските даночни обврзници ќе платат за планираниот ѕид со Мексико, наведувајќи дека заборавиле да напишат дека Мексико подоцна ќе ги исплати тие пари.

- Неискрените медиуми не наведоа дека парите потрошени за изградба на ѕидот (поради брзината), Мексико подоцна ќе ги врати, наведе Трамп на Твитер.

За време на кампањата Трамп нагласуваше дека САД имаат право да подигнат ѕид на границата со Мексико за да се намали приливот на мигранти.