Трамп лут поради шпекулациите за неговото здравје
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изрази гнев поради шпекулациите за неговата здравствена состојба по непланираната посета на воената болница во Вашингтон минатиот викенд.
Американскиот претседател кој има 73 години, во саботата отиде во болницата Волтер Рид на годишен преглед, соопшти Белата куќа. Таа ненајавена посета, која дојде само девет месеци по претходната, отвори голем број прашања во јавноста.
На состанок со членовите на неговиот кабинет во Белата куќа, Трамп денеска се пожали дека неговата сопруга го прашала дали е во ред кога се вратил од доктор, и дека се зборува дека има проблеми со срцето.
„Таму бев кусо време, рутински. Направив неколку лекарски прегледи, остатокот ќе го направам во јануари“, додал Трамп и почна да ги напаѓа медиумите.
„Тие луѓе се болни! Медиумите во оваа земја се опасни. Деновиве немаме слобода на печатот, го имаме спротивното. Имаме корумпираните медиуми и се надевам дека ќе се освестат бидејќи тоа е многу лошо и многу опасно за нашата земја“, рекол тој.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња