Свет
10. August 2016 - 8:39

Трамп: Љубителите на оружје можеби можат да ја спречат Клинтон

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп на митинг во Северна Каролина сугерираше дека активистите за правото за носење оружје би можеле да ја спречат неговата демократска ривалка Хилари Клинтон во номинирање на либерални судии за членови на Врховниот суд на САД.

Изјавата на Трамп предизвка жестоки реакции и тоа во неделата во која челниците на неговата кампања се надеваа дека може да мине без контроверзи. 

- Доколку таа има можност да бира судии, вие тука ништо нема да можете да сторите. Иако вие кои се придржувате до Вториот амандман на Уставот (кој дава право на чување и носење оружје), можеби тука нешто можете да направите, не знам, рече Трамп на митинг, организиран на Универзитетот Северна Каролина во Вилмингтон. 

Од кампањата на Клинтон изјавата на Трамп ја нарекоа опасна.

- Личност која сака да стане претседател на САД не би требало на кој било начин да сугерира насилство, се наведува во кампањата.