Македонија
22. March 2017 - 8:36

Трамп ќе учествува на средбата на врвот на НАТО во мај

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се вклучи во средбата на врвот на државите членки на НАТО во Брисел закажана за 25 мај. Тоа го соопшти Белата куќа.

- Претседателот очекува на средбата со колегите од НАТО да се потврди решителноста и приврзаноста кон Алијансата, да се разгледаат важни прашања за НАТО, особено за распределување на одговорноста меѓу сојузниците и улогата на организацијата во борбата со тероризмот, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.