Свет
6. February 2017 - 9:09

Трамп ќе има средба со сојузниците од НАТО во мај

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај ќе има средба со сојузниците од НАТО, соопшти Белата куќа по телефонски разговор меѓу него и генералниот секретар на Алијансата јенс Столтенберг.

Трамп изразил „силна поддршка за НАТО“, но ги повика европските членки да инвестираат повеќе во Алијансата, наведе Белата куќа во соопштение.

Тие нагласија дека претседателот прифатил да учествува на средба на лидерите на НАТО во Европа во крајот на мај.