Свет
22. September 2020 - 17:43

Трамп: Кина мора да одговара во врска со пандемијата КОВИД-19

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на Генералното собрание на ОН нагласи дека Кина мора да одговара пред светот за своите постапки во врска со пандемијата Ковид-19.

Во снимената порака објавена на годишниот состанок на ОН, Трамп го обвини Пекинг дека дозволил коронавирусот „да ја напушти Кина и да го зарази светот“.

„Обединетите нации мораат да ја сметаат Кина за одговорна за своите постапки, наведе тој.“