Свет
21. May 2018 - 15:59

Трамп: Кина да ја задржи безбедна границата со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја повика Кина да ја задржи безбедноста на границата со Северна Кореја додека не биде постигнат договор за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

- Кина мора да продолжи да биде силна и цврста на границата со Северна Кореја додекја не биде постигнат догвоор, наведе Трамп на Твитер.

Тој додаде дека се зборува оти таа граница е многу порозна во последно време.

- Сакам да се случи тоа, и Северна Кореја да биде многу успешна, но после потпишувањето, нагласува Трамп пред планираниот самит со лидерот на Севрна Кореја Ким Џонг Ун на 12 јуни во Сингапур.