Свет
15. January 2019 - 10:36

Трамп ја подготви вечерата за гостите: Очекуваа раскошно мени, но кога ја здогледаа масата останаа зачудени

Американскиот претседател Доналд Трамп нарачува хамбургери и пици од Мегдоналдс за гостите во Белата куќа поради блокадата на владата. Владата на Соединетите Американски Држави (САД) се наоѓа под најдолга блокада во историјата поради неусвојувањето на буџетот за тековната година, а повеќе од 800.000 јавни службеници се принудени на неплатена работа или на неплатен одмор.

Поради блокадата на Влада и во Белата куќа многу службеници не доаѓаат на работа, вклучувајќи го и персоналот задолжен за храната.

Би-би-си објави дека првиот човек на САД, Трамп во Белата куќа примил фудбалски тим којшто ја освоил титулата на шампион на универзитетската лига и дека во таа прилика порачал повеќе од 300 хамбургери, пица и порфија од порции помфрит.

Трамп изјави за новинарите дека со сопствени пари ја платил храната со која го почастил гостите, бидејќи владините пари се под блокада.

До блокадата на американската влада дојде поради барањето на Трамп да се издвојат средства за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница.

Најдолгата блокада на Владата би можела да потрае, бидејќи нема навестувања дека Трамп и Демократите се подготвени за заемни отстапки и компромисно усвојување на буџетот.