Loading Video...
Свет
2. December 2017 - 17:01

Трамп извојува прва голема победа во Американскиот конгрес

Со 51 глас за наспроти 49 против Сенат ја усвои најголемата даночна реформа во САД од 1986 година наваму.  За Републиканците реформата ќе ја стимулира економијата но според демократите кои кои глааа против , таа побезбедува најголема корист на Американците со високи приходи и ќе додаде во следните 10 години нови 1,4 трилиони долари национален долг кон веќе наталожените над 20 трилиони долари.

- Вечерва републиканците обезбедија  една милијарда долари во даночни олеснувања за најбогатите луѓе во оваа земја и до најголемата корпорација, а го подигаат дефицитот од над 1,4 трилиони долари. Вториот дел од нивниот план веројатно доаѓа за неколку месеци, ќе биде да се повика на големи намалувања на  социјалното осигурување, здравствената зашитат со цел да ги платат даночните олеснувања на богатите, сенаторот –демократ Берни Сандерс

Со реформата се предвидува намалување на корпоративната даночната стапка од 35 на 20 отсто. Таа претходно помина во Претстанвичкиот дом и ќе стапи на сила откако претседателот ТРамп ке се потпише. Според аналитичарите, американскиот претседател  најверојанто потписот ке го стави  во  наредните неколку дена, бидејки сака да ја објави првата голема победа на републиканците во Конгресот   по неколкуте неуспешни законодавни промени.  Покрај позитивната вест од сенатот, До ТРамп  вчера  стигна и лоша вест- неговиот поранеше совентик за национлна безбедност Мајкл Флин призна пред судот дека намерно и свесно го лажел ФБИ при сведочењето за врските на тимот на претседателот со Русија. Тој се сретнал со рускиот масабсадот во САД за време на транзициониот период од ноември до јануари меѓу претседателските избори и инаугурацијата на Доналд Трамп . Според Вашингтон пост,  зетот на Трамп Кушнер му дал упатсва на Флин за контакт со рускиот амбасадор.