Свет
25. јуни 2020 - 17:32

Трамп изрази надеж декa ќе биде избран со помош на Господ

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека се надева дека ќе биде избран со помош на Господ, јави телевизијата Фокс Њуз.

-Се што можам да правам е да се надевам, дека тоа е вистина, изјави Трамп на прашање на новинарот дали смета дека тој е избран од Господ.

Претходно, двајца американски професори по теологија кои изучуваат религија и политика изјавија дека се повеќе Американци веруваат дека на функцијата претседател на САД, Трамп бил избран од Бога.

Вакви изјави се се почести како се приближуваат претседателските избори закажани за ноември годинава.

Такви пораки доаѓаат и од високи официјални лица. Така на пример, Рик Пери, поранешен министер за енергетика на САД, лани во ноември изјави дека претседателот Трамп „е избран од Господ да ја води Америка“.