Свет
12. August 2016 - 15:36

Трамп: Изјавата за Обама како основач на ИД беше саркастична

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека неговата изјава за тоа дека претседателот на САД Барак Обама е основач на Исламска држава била саркастична.

Трамп оваа изјава ја даде на митинг во средата, а потоа ја повтори во четврток во две интервјуа.

Но денеска во твит во кој го критикува известувањето на Си-Ен-Ен наведе дека таа мрежа неговата изјава ја пренела „премногу сериозно“.

„Зарем тие не сфаќаат сарказам?“, напиша Трамп на Твитер.