Свет
8. November 2018 - 18:17

Трамп именуваше нов американски амбасадор за Македонија

Претседателот  на САД Доналд Трамп има ја номинира Кејт Брнс за нов американски амбасадор во Република Македонија, соопштуваат од Белата Куќа. 

  Таа е дипломат со над 20-годишна кариера и зборува шпански, унгарски и турски јазик. 

Во својата богата дипломатска кариера била дел од америкaнската мисија на ОБСЕ во Виена, работела и во амбасадата во Мадрид и била советник во американската мисија во НАТО.
 
Моментално е заменик шеф во американската амбасада во Атина.  

 

Именувањето на Брнс треба да биде одобрено во Сенатот. Ако биде именувана, ова би било нејзина прва позиција како амбасадор, а својот мандат во Скопје треба да го започне најрано од крајот на јануари 2019 година.

Веста за нејзиното номинирање на социјалната мрежа „Твитер“, ја сподели и актуелниот американски амбасадор во земјава Џес Бејли.

 

Ново на Сител