Трамп им вети пониски даноци на американските камионџии
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави вчера дека главната цел на неговата даночна реформа е да ги намали даноците, да ги поедностави бирократските обврски и даноците да бидат поправедни кон американските работници и средната класа.
Трамп зборуваше на настан во градот Харисбург во Пенсилванија, пред здружение на камионџии и мали и средни бизнисмени. Предогот на Трамп е данокот на доход за компаниите да се намали од 35 на 20 проценти, додека кај индивидуалците да се воведат неколку пониски стапки на данок, со значителни даночни олеснувања за семејствата со деца.
- Кога вашите камиони се движат, Америка расте, изјави Трамп пред камионџиите, додавајќи дека намалувањата на даноците кои ги планира републиканската администрација ќе бидат како ракетно гориво за американската економија.
- Малите компании за превоз на роба ќе видат значителни намалувања во нивните даноци, додаде Трамп.
Претседателот на САД говореше со голем камион со натписот „повторно победуваме“ зад него.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер