Свет
23. August 2018 - 14:11

Трамп им се закани на Американците: Ако ме смените, сите ќе бидете многу сиромашни

 - Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека пазарите ќе доживеат крах ако тој биде отстранет од функцијата.

- Ако некогаш ме отповикаат од функцијата, мислам дека пазарите ќе се урнат. Сметам дека потоа сите ќе бидат многу сиромашни, изјави претседателот во интервју за Фокс њуз.

- Се ослободив од прописите. Намалувањето на даноците  беше огромна работа, нагласи тој.