Свет
16. April 2018 - 8:30

Трамп годинава собра 10 милиони долари за кампања за реизбор

 Американскиот претседател Доналд Трамп во првиот квартал од оваа година собра 10 милиони долари за кампања за реизбор, соопшти неговиот изборен штаб.

Кампањата за Трамп досега собра 28 милиони долари и тој одлучи, за разлика од поранешните претседатели на САД, да почне да собира пари за кампања за реизбор веќе во почетокот на првиот мандат. Неговите претходници обично тоа го почнувале во втората година од мандатот.

Според американски меидуми, дел од парите може да биде искористен за да им помогне на републиканците во Конгресот во изборите во ноември.

Трамп, уште првиот ден откако стана претседател поднесе барање за реизбор што е необично за актуелен претседател. 

Ново на Сител