Loading Video...
Свет
18. November 2020 - 12:24

Трамп го разреши одговорниот за безбедност на изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп го разреши директорот на Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктурна безбедност Крис Крепс. Крепс деновиве ги оспоруваше тврдењата на Трамп дека победата му е украдена со изборна измама, потенцирајќи дека претседателските избори оваа година се најбезбедни во американската историја. Трамп пред да ја напушти Белата куќа на 20 јануари направи уште еден потег нареди да се намали бројот на американски војници во Авганистан од 4500 на 2500 војници. Според експертите тоа ќе ја разниша безбедноста и ќе им наштети на кревките мировни преговори со Талибанците. Намалување ќе има и во Ирак.

Се зголемува бројот на земјите од регионот и Европа кои воведуваат построги антиковид мерки. На листата се запиша и Турција. Претседателот Ердоган соопшти дека за викенди ќе има полициски час од 20 до 10 часот наутро, а младите по 20 години преку недела ќе може да излегуваат од дома само од 10 до 16 часот.  На сила останува и забраната за пушење на јавни места. Над 3800 нови случаи беа забележани во вчерашната ковид статистика на Турција. 

Долниот дом на рускиот Парламент поддржа закон со кој на руските претседатели им се обезбедува имунитет од криминални истраги откако ќе заминат од функцијата. Истото ќе важи и за нивните семејства, а нема да може ни да им се конфискува имотот. Законот  ќе има уште две читања во Долниот дом по што оди во Горниот дом на Парламентот. Приврзаниците на Путин имаат мнозинство во двата дома.