Свет
10. May 2017 - 16:41

Трамп го отпушти првиот човек на ФБИ

Трамп го отпушти првиот човек на ФБИ, Џејмс Коми. Причината е начинот на кој ја водел истрагата за хакирањето на меилот на претседателскиот кандидат на демократската партија Хилари Клинтон објасни американскиот претседател.  За демократите потегот  на Белата куќа е погрешен.

тонско  Доколку админстрацијата имала забелешки на начинот на кој директорот Кони ја водел истрагата за Клинтотн, тогаш тие ги имале тие  забелешки уште од моментот кога Претседателот ја превзел функцијата. Но не го избркале. Тогаш зошто ова се случува денес? Знаеме дека ФБИ разгледува дали кампањата на Трамп имала соработка со Русите  изјави  Чак  Шумер, лидер на демократите во Сенатот.

Некои американски аналитичари  сметаат дека одлуката  е сериозен удар на независноста на таа институција, чиј директор се бира  со мандат од 10 години, се со цел да не зависи од актуелната власт. Коми пред четири години застана на чело на ФБИ.