Свет
12. January 2018 - 13:45

Трамп го изненади светот со изјавата за северокорејскиот лидер

Американскит претседател Доналд Трамп денеска изјави дека веројатно има многу добар однос со северокорејскиот лидер Ким Џонг -ун. 

- Веројатно имам многу добар однос со него. Јас имам однос со луѓето. Мислам дека со тоа сте изненадени, изјавил Трамп. 

На прашањето дали разговарал со северокорејскиот лидер, тој кажал: 

- Не сакам да коментирам. Не велам ни дека сум разговарал ни дека не сум. Само не сакам да коментирам.