Свет
22. April 2017 - 14:28

Трамп ги преиспитува законите за оданочување

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба, со која на Министерството за финансии му се наложува да ги преиспита даночните прописи, кои се применети минатата година, во рамки на напорите да го исполни предизборното ветување за намалување на даночните оптоварувања на Американците.

Трамп исто така потпиша два меморандуми за преиспитување на законот за реформи за Вол Стрит, усвоен во 2010 година, за кој банките и осигурителните компании наведуваат дека им го отежнува работењето. 

Повторно ќе бидат разгледани два дела од законот, Дод-Френк, кој е усвоен по финансиската криза 2007-2009 година, за да се спречи нејзино повторување. 

Со документите му се налага на министерот за финансии Стивен Манучин да ги преиспита клучните одредби во Дод-Френк и прописите за оданочување, а потоа Белата куќа ќе предложи начини, на кои тие може да се подобрат.